Македонија Топ вести

Висок пораст на случаи на говор на омраза нотира Хелсиншкиот комитет во извештајот за ноември

Говорот на омраза е во постојан пораст во земјава, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Во последниот извештај за ноември, стои дека повеќе од половината добиени пријави се однесуваат за говор на омраза поради етничка припадност. Најактивни во тој говор на омраза  на социјалните мрежи се младите, на возраст од 18 до 26 години. Причините за порастот на говорот на омраза од Хелсиншки ги лоцираат во непостапувањето на ЈО и на судовите по пријавите.

Голем број пријави, дури 112 за говор на омраза, добиле во Хелсиншкиот комитет за човекови права  во ноември, за разлика од 10% помалку пристигнати во октомври, стои во извештајот на оваа невладина организација, објавен деновиве. Повеќе од половината или конкретно 57% од пријавите се за случаи на говор на омраза поради етничка припадност. На второ место, со 20% се пријави за говор на омраза од политички причини. На трето место или 10% од пријавите се за говор на омраза поради сексуална ориентација и родов идентитет, а на последно место со 1 % се пријавите за говор на омраза поради социјално потекло. Од Хелсиншки велат дека со години говорот на омраза поради етничка припадност е во пораст, а зад него стојат млади луѓе на социјалните мрежи, на возраст од 18 до 26 години.

Младата популација е најподложна на она што го читаат и го говорат политичарите. И понатаму тоа се рефлектира и во нивното секојдневие. Тие кога читаат говор на омраза насочен кон македонската или кон албанската етничка заедница , тоа кај нив влијае за понатаму да бидат дел од инциденти. Најстрашно е што во кривичните дела  од омраза, најчести сторители , ама и жртви се повторно младите луѓе, вели Уранија Пировска- извршна директорка на Хелсиншки комитет за човекови права.

Здравствената криза со пандемијата, но и политичките случувања во земјата влијаат на порастот на говорот на омраза , смета Пировска. Според неа, затајувањето на институциите на системот во санкционирањето на говорот на омраза дополнително влијае тој да расте и резултира со само една пресуда  до сега , на ниво на цела држава.

Веќе до МВР и не апелирам заради тоа што тие ги бележат случаите кои што ние им ги препраќаме. Ги регистрираат и понатаму ги процесуираат до ОЈО. Меѓутоа тука застанува работата. Ние немаме никаков ефек од тоа што регистрираме и што доставуваме до МВР, тврди Пировска.

Европската комисија во извештајот за постигнувањата на Македонија, објавен во октомври, нагласува дека со над 100 пријави од почетокот на пандемијата  во март, говорот на омраза претставува клучен предизвик  за државата  во следниот период  и дека од огромна важност е спроведувањето на легислативата против говорот на омраза и акцискиот план за примена на Истамбулската конвенција.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска во Лондон ќе биде потпишан договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Македонија и на Велика Британија

Дејан Дејан

Околу 90 камиони со помош влегле во Газа во последните 12 часа

Дејан Дејан

Пукал за Газа – осомничениот за убиството во Вашингтон го призна делото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе