Колку точно бугарски државјанства се издадени на македонски граѓани? Одговор на ова прашање даде бугарската министерка за правда Десислава Ахладова во бугарското Собрание, каде Македонија е главна тема.
Во последниве десет години речиси 80 илјади граѓани од Македонија поднеле барање за бугарско државјанство. Сите – врз основа на бугарско потекло, рече Ахладова.
Од 1 јануари 2010г. до 22 октомври 2020г. 77.829 граѓани од Република Северна Македонија поднеле барање за бугарско државјанство. 73 324 завршија со предлог до Советот за државјанство до потпретседателот за издавање указ за добивање бугарско државјанство, како што предвидува законската процедура.
Низ овие десет години, бројката на одобрени државјанства варира, вели Ахладова, но бугарски Дневник објави дека последниве дест години 66 илјади македонски граѓани добиле бугарско државјанство.
Пратеникот Христо Гаџев кој го постави прашањето до министерката, коментираше дека додека Македонците сакаат да извадат бугарско државјанство, кое ги прави граѓани и на ЕУ, во Македонија се води недопустлива политика против Бугарија.
За говор на омраза не пропушти да зборува и министерката за надворешни Екатерина Захариева.
И таа одговараше на пратенички прашања околу тоа што направила Бугарија за да добие гаранции од Македонија дека ќе го исполни Договорот за добрососедство.
Захариева ги повтори старите обвинувања дека Македонија не го исполнува Договорот, дека ја политизира работата на Комисијата за иторија и дека инфраструктурните проекти доцнат.
Република Северна Македонија не направи ништо за да почне да го исполнува Договорот. Напротив. Во земјата се разви витинска антибугарска хистерија која беше доста силна и кога Собранието се изјасни за ова и кога беше донесена Рамковната позиција. Некои мислеа дека Бугарија ќе ги затвори очите за тоа што се случува таму или ќе продолжи да биде дебронамерна и дека во моментов сме такви.
Нашиот сосед треба да надмине голем број стереотипи за да може да тргне на патот кон влез во ЕУ, додаде Захариева.
Марија Дивитарова