Првите 30.000 дози на вакцината „Фајзер“ против Ковид-19 деновиве ќе пристигнат во Канада, а имунизацијата започнува во понеделник. Канада е третата земја во светот што ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „БиоНТек“. Прва дозволата за употреба на оваа вакцина ја даде Велика Британија, по што следеше Бахреин. Ковид статистиката во Канада покажува почетокот на пандемијата се заразени приближно 443.000 лица, а досега умреле повеќе од 13.100 пациенти.
Во истовреме Европската унијата ја преиспитува безбедноста на вакцината на Фајзер/Бинтек и се очекува одобрени до крајот на годината.
- За пандемијата на коронавирусот, во моемнтов Европската унија работи со полна пареа на преиспитување на сигирноста на вакцината и ги става на располагање. Целта ни е да биде одобрене Вакцината на Бионтек/Фајзер до крајот на годината, поддржанта од Европската агенција за лекови – Урсула фон дер Лејен, претседател на Веропската комисја.
Компанијата „Фајзер“ соопшти дека планира до април да аплицира за добивање целосно одобрение на својата експериментална вакцина за коронавирус во САД, иако нивната вакцина во моментов чека кај американската Администрација за храна и лекови (ФДА) одобрение за итна употреба.
- Значи, тоа не е само формалност. Ова го сфаќаме многу сериозно во смисла на транспарентноста околу нашата постапка. Поради тоа имаме надворешни експерти бидејќи може да се отвори прашањето од медицинска гледна точка и научни прашања кое треба да се решат. Но сепак, ќе донесеме конечна одлука. Имаме целосна доверба во нашите здравствени рецензенти – Стефан Хан, комисија за лекови.
Во изминатото деноноќие САД бележат нов црн рекорд на смртни случаи. Три илјади луѓе ја загубиле битката со КОВИД 19, што е највисока бројка во еден ден на светско ниво. Според инфектолозите, имунизацијата на населението е најважна за да се вратиме на стариот начин на живот.
Животот во САД може да се врати во нормала следното лето или на почетокот на есента, под услов сите да добијат вакцина за коронавирус, изјави водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи.
Доколку САД имаат јасна програма за вакцинација, во која сите брзо ќе бидат вакцинирани, тогаш животот може да се врати во некоја форма на нормалност во текот на летото, а сиурно до есен, вели Фаучи.
Во Русија во последните 24 часа од Ковид-19 починале 613 лица што е највисока дневна цифра од почетокот на пандемијата.
Вкупниот број на починати во Русија се искачи на 45.893, а досега се заразени повеќе од 2,5 милиони луѓе.
Продолжува зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус во Германија, а институтот „Роберт Кох“ денеска соопшти нови, алармантни податоци за бројот на новозаболени – 29.875, што е најголем број на заразени во еден ден од почетокот на пандемијата.
Вкупниот број на лица заразени со коронавирус во Германија сега изнесува 1.272.078, додека умреа 20.970 лица.
Бројот на заразени со коронавирусот во светот се доближува до 71 милион, покажуваат податоците на интернет страницата Ворлдометерс.
Во овој момент, 70.785.244 луѓе се разболеле, 1.589.732 починале, додека 49,2 милиони закрепнале.
Билјана Ставрова