Вести Македонија

Ниту еден случај за можна лекарска грешка нема епилог за починати од Ковид 19

Ниту еден случај за можна лекарска грешка кај починати од корона нема епилог. Државниот инспекторат за здравство причината за ова ја гледа во долгите постапки за утврдување во кои се вклучени повеќе страни. Последен во низата вонредни надзори ќе биде случајот со 28 годишниот пациент од скопје кој почина на 8 ми декември а е евидентиран во вчерашната статистика.

Ќе се истражува целокупниот пат на лекување на пациентот од матичниот лекар па се до приемот во инфективна. Од министерството за Телма велат дека починал само еден ден по приемот на клиника, а бил во тешка состојба.

Имал сериозно малигно заболувње од кое се лекувал подолг период. Пациентот побарал помош на Инфективната клиника кога почувствувал слабост и кога неговата состојба се влошила. Тешката состојба е комбинација на основната болест и компликациите кои ги предизвикал вирусот.

 

Во изминатава недела инспекторатот има отворено три случаи со вонреден стручен надзор за починати од ковид 19, од почетокот на пандемијата се вкупно 12.  Кај сите се истражува дали има лекарски пропусти но за сега нема повратен одговор ниту за еден. Според директорката на инспекторатот Ирина Сотирова Бухова проценката ја врши комисија која ја составува  министерот за здравство а во неа членуваат повеќе лекари од ралзични специјалности а меѓу нив има и инфекторлог.

Последен случај кој беше јавно објавен е со 41 годишната штипјанка која се лекувала во штипската болница. Откако почина нејзината ќерка ја објави телефонската некомуникација со дежурните сестри. Пацинтката пред да умре молела за кислород но никој не и одговарал на телефонот кој болницата го има токму за таа намена. И за овој случај за сега нема епилог.

Според инспекторатот најчесто има вонредни надзори кога ќе почине релативно млад пациент а такви до сега биле 25. Инаку земјава постојано е во првите десет земји во светот по број на починати на еден милион жители. Минатата недела се искачи и пред Америка, а во моментов сме седми на листата. Вчера пак беше најцрниот ден со 46 починати од корона вирус.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Убиени секретарка и советник на градоначалничката на Мексико Сити – заседа среде бел дел во центарот на градот

Дејан Дејан

Акција против членови на криминалната група „Беланоца-Барон“ – претреси на пет локации во Скопје

Дејан Дејан

Брисел е пред банкрот, расте криминалот, улиците се полни со дрога, вели министерот за внатрешни работи на Белгија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе