Вести Македонија

Собраниски подготовки за Попис 2021

Комисијата за европски прашања почна неевропски, со 45 минути задоцнување, но заврши со едногласна поддршка на Законот за попис. ВМРО ДПМНЕ побара да се дефинира кои документи ќе се прифаќаат, кои бази на податоци ќе се користат, да се прави разлика меѓу живеалиште и престојувалиште, хартиен не само електронски образец, двајца непосредни попишувачи наместо еден. За да се добие реална слика за резидентното население, велат, треба да се преиспита можноста дијаспората да се самопопишува преку апликација.

За власта е важно што ниту еден државјанин нема да остане непопишан.

Алијанса-Алтернатива го смета пописот за политичка не само статистичка операција, бидејќи некои колективни права зависат од резултатите.

СДСМ изрази подготвеност да разговара за некои решенија како што се врзан потпис на директорот и заменик директорот на Заводот за статистика или бројот на попишувачи.

Наредната недела, законот е на пленарна седница, по што следува амандманска расправа. Се планира да биде донесен до крајот на овој месец, за да може да се реализира во април. Годинава беше одложен заради предвремените парламентарни избори.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски ги разгледува деталите од разговорот со Трамп со неговите европски партнери

Дејан Дејан

Давитковски: Уставен суд легитимно ја поништи одлуката на Собранието

Дејан Дејан

Косово со забрана за увоз на пилешко месо од Бразил – причината е појава на птичји грип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе