Зоран Башановиќ поранешниот советник на премиерот Зоран Заев барал од него претседателката на „Меѓународен сојуз“ Јасна МАндиќ да не оди во затвор.
Разговорот е дел од содржината од мобилниот телефон на Мандиќ која денеска се репродуцираше во судскиот процес за злоупотреби со невладината „Меѓународен сојуз“.
Заев на барањето на Башановиќ вели дека тоа не зависи од него туку од обвинителството и до судот, а додава дека ќе видел што може да направи. Тогаш, за разлика од првообвинетиот во „Меѓународен сојуз” Бојан Јовановски-Боки 13, Мандиќ доби куќен притвор ,а обвинителката Вилма Русковска тогаш појасни дека ваквата мерка за Мандиќ е поради тоа дека има дете со здравствени проблеми.З
а случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ.