Вести Македонија

Хируршките сали на штипската Клиника затворени, дел од докторите се болни од КОВИД 19

Хируршките сали во штипската Клиничка болница се затворени. Во нив интервенции не се извршуваат, откако дел од перосналот се заразил со коронавирусот, а останатиот  се во изолација. Операции на катаракта на очите не се извршуваат и на очно, бидејќи медицинските сестри се ангажирани во регионалниот Ковид центар, но и апаратот е расипан, во функција ќе се стави за еден месец.

Стабилна е состојбата со прием на пациенти во регионалниот Ковид центар, каде што денеска се лекуваат 58 пациенти, а двајца од Кочани и Радовиш починале. Во ноември потрошени се 15 тони кислород, а за новиот налет на пациенти во болницата набавени се и 15 нови кислородни боци и регулатори. Но, поради изборите набавките се прават со еден дел од буџетот на болницата, а поголем дел од средствата пристигнуваат по пат на донации од компаниите.

Болницата за наредната година очекува и поголем буџет, преговорите со Фондот за здарвство се за шест дена, а планирани се и над 50 нови вработувања. Под итно се потребни и специјализации за инфектолози, анестезиолози и ортопеди во оваа регионална болница за општините од истокот.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицковски: Нека постапуваат надлежните за градбата во Прилеп

Дејан Дејан

Mицкоски причината за испадите на електричната мрежа ги лоцира во фотоволтаиците

Дејан Дејан

(ФОТО)Гала за миленици во Њујорк: Кучињa заблескаа како ѕвезди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе