Југоисточниот регион ќе има две модуларни ковид болници, откако почна поставувањето на овие времени објекти во Струмица и Гевгелија. Минатата недела почнаа пoдготвителните работи во Струмица, за после неколку денови да се работи и на регионалниот ковид центар во Гевгелија.
До крајот на наредната недела се очекува да пристигне и опремата која веќе е набавена од Министерството за здравство. Така што, до крајот на оваа година, се очекува овој модуларен ковид-центар да профункционира.
Модуларната болница ќе заземе површина од 400 метри квадратни, со дел наменет за подготовка на персоналот со заштитна опрема, Оддел за прием на пациенти каде ќе се зема брис и ќе се изведуваат тестови за корона вирус и согласно резултатот ќе се упатува пациентот дали треба да остане во ковид-стационарниот центар или на друго специјалистичко лекување во болницата.
Освен Гевгелија и Струмица уште 14 општини во држатата ќе добијат вакви ковид-центри. Гевгелија во моментов го покрива и регионот на Богданци и Дојран.
Сузана Мицева