Ковид19 Македонија

Вработените во градиниките бараат да бидат на приоритетната листа за вакцина

Раководствата на градинките ќе бараат вакцинација против Ковид-19 и на вработените во кујните, воспитувачки, негувателки, администрација и технички персонал. Сметаат дека тие се во ризичните професии, а нивните врати за згрижување на децата се отворени и без разлика на проблемите успеваат да се снајдат и да работат. Директорката на детската градинка „Астибо“ Билјана Трајчевска вели дека оваа иницијатива ќе ја презентираат на министерката за труд и социјална политика, а идејата е вакцинацијата да биде на доброволна база.

Во објектите на нашата градинка почнува да се стабилизира состојбата со заразени вработени, пополека се враќаат на работа, но за жал од компликации од вирусот ни почина куварот од едната смена. Тешко е во овие моменти и да се најде стручен кадар. За вакцинацијата против Ковид-19 е идеја и наше размислување, а се надевам дека надлежните институции ќе размислат за неа, вели Билјана Трајчевска, директор на детската градинка „Астибо“

За разлика од пред две недели кога градинките и сите штипски институции беа преполовени со бројот на вработени, деновиве состојбата со заразени со коронавирусот и лица кои се во изолација почнува да се стабилизира. Во регионалниот Ковид центар хоспитализирани се 59 пациенти, од источниот регион, но загрижува тоа што 30 се на кислородна поддршка, а во изминатите 24 часа битката со вирусот ја загуби 81 годишен пациент од Штип.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Давитковски: Уставен суд легитимно ја поништи одлуката на Собранието

Дејан Дејан

Меџити вели дека со разрешувањето на уставната судијка, ДУИ губи можност за дестабилизацијa 

Дејан Дејан

Уставен пресече во корист на независните кандидати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе