Ковид19 Македонија

Интересот за вакцините против сезонски грип огромен, но термини нема

Во просек 100-тина лица неделно се јавуваат само кај еден матичен лекар во Тетово за да прашаат дали можат бесплатно да се вакцинираат против сезонски грип. Интересот е тројно зголемен во однос на минатата година, но поради пандемијата бројот на термините е намален.

Координаторот на матичните лекари од Тетово, д-р Светлана Трифуновска, вели дека едвај успеваат да закажат, бидејќи термините се пополнуваат за неколку минути.

Д-р Трифуновска вели дека матичните лекари се преоптоварени со работа во време на пандемија. Тие одговараат на секој телефонски повик, но прашањата за имунизација им одземаат време на пациентите со ковид.

Од Здравствениот дом во Тетово информираат дека во првата пратка пристигнале околу 700 бесплатни вакцини против сезонски грип, а се очекува да пристигат уште. И во Центарот за јавно здравје се чекаат комерцијалните вакцини, со што би требало да се задоволи побарувачката, велат надлежните.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Акција против членови на криминалната група „Беланоца-Барон“ – претреси на пет локации во Скопје

Дејан Дејан

Се очекува предлогот на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер

Дејан Дејан

Од 50 функционери, само тројца поднеле оставка – Фетаи со порака дека АА останува во влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе