Ковид19 Свет Топ вести

Британија започна со вакцинацијата против Ковид-19

90 годишната Маргарет Кинан е првата личност која  беше  вакцинирана против Ковид-19, со што започна големата операција за колективна имунизација на населението во Обединетото Кралство.

Кинан, која наредната недела ќе наполни 91-една година, изјави дека ова е најдобриот можен подарок за нејзиниот роденден.

Таа истовремено испрати и силен апел до своите сограѓани кои можеби се двоумат дали да ја примат вакцината.

“Што би им кажале на оние кои можеби се премислуваат за вакцинацијата? – ја прашаа новинарите Кинан.

“Па, јас би им рекла да се вакцинираат. Направете го тоа, затоа што е бесплатно и ова е најдоброто нешто досега, затоа ве молам направете го тоа. Тоа е се што ќе кажам, знаете. Ако јас можам да го направам, тоа значи дека и вие може да се вакцинирате, нели?” – изјави таа.

Кинан се заблагодари и на лекарите и сестрите кои се грижат за неа а тие ја пречекаа со аплауз кога се врати на одделениеото на кое се лекува.

Вториот човек кој ја прими вакцината на Фајзер и Бионтек, беше 80 годишниот маж, именуван по веројатно најславниот драмски писател на сите времиња, Вилијам Шекспир.

“Дали бевте нервозен заради вакцијна?” – го прашаа Шекспир.

“Не, не бев нервозен. Малку загрижен можебi за тоа какви несакани ефекти може да има. Но мали се шансите за тоа. Значи, јас сум пред се среќен заради ефектот врз иднината на сите други луѓе” – одговори вториот вакциниран Британски граѓанин.

Кинан и Шекспир беа вакцинирани околу 6 часот и 30 минути по локално време, со првите од одолу 800-тината илјади дози од вакцината на Фајзер и Бионтек, кои ќе бидат дадени во наредните 2 недели.

Британија прва ја одобри употребата на оваа вакцина а според најавите на владата во Лондон, до крајот на Декември се очекуваат уште околу 4 милиони дози.

Британскиот премиер, Борис Џонсон, оцени дека луѓето кои се вакцинираат, тоа го прават да се заштитат себеси но и да ја заштитат целата земја. Тој предупреди и дека почетокот на вакцинацијата не значи автоматски и крај на кризата.

“Луѓето започнаа да се вакцинираат и тоа постепено ќе направи голема, огромна разлика. Но, подвлекувам дека тоа ќе биде постепено, затоа што како што знаете ние уште не сме до тој момент.Се уште не го победивме овој вирус. Многу е важно луѓето да го разберат тоа” – предупреди Џонсон.

Британското јавно здравство вакцинацијата ќе ја спроведува во околу 70 болници а според најавите, први ќе бидат имунизирани луѓето над 80 години и дел од вработените во домовите за грижа на стари лица.

Првична цел на британската влада е да се заштитат најранливите граѓани, додека крајната цел секако е враќањето на животот во нормала, колку што е тоа возможно.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Мрзливите градоначалници ќе се отповикуваат на референдум

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе