Македонија

Тутунопроизводителите до разговорите со откупувачите ги запираат протестите – остануваат на своите барања

Од утре запира откупот на тутунот, а тутунопроизводителите ги ставаат во мирување и протестите до петок кога треба да се сретнат со откупувачите.

Ова е договорено на денешната средба на министерот за земјоделство Аријанит Хоџа со претставници и од Сојузот на земјоделски здруженија и од Иницијативниот одбор за протести на тутунопроиводителите, кои  остануваат на своите барања – откупната цена да не е под 200 денари, реална проценка на тутунот и гаранција дека ќе се откуи целото производство без оглед на склучените договори.

“Сакам да ги известам сите повереници во државата од утре до в петок да се повлечат од вагите. Во  петок одиме на преговори со откупувачите, да видиме дали ќе се најде решение. Од утре до петок нема да бидат на вагите, нема да се откупува тутун” – изјави Менде Стомнаровски, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија.

Од иницијативниот одбор категорично демантираат дека организираните протести имаат политичка заднина. Велат маките си ги сподeлувале на социјалните мрежи, па таму и се организирала групата за протести

-До петок нема да има штрајкови. Ако не најдеме заедничко решение, штрајковите ќе продолжат. Ќе блокираме откупни пунктови, патишта се што е во законска можност. Ние не сме хулигани, ние нема да правиме револуција, нити туркаме влада. Ние си ги бараме нашите права, да ни се плати трудот, вели Игор Мирчевски, иницијативен одбор на македонски тутунопроизводители.

Министерот за земјоделство Арјанит  Хоџа вели дека ќе бидат само медијатори на средбата во петок,  а доколку откупувачите не ги прифатат барањата на тутунопроизводителите, и понатаму ќе се бара решение

-Реално гледано, барањата треба да ги прифатат откупувачите. Државата во тој дел нема посебна улога, освене што ние ќе сме инстиуција меѓу двете страни за да најдеме решение. Ја знам маката на тунопроизводителите и не е секогаш прашање само цената, туку трудот и вложувањето на трудот во текот на целата година. Нормално дека емоциите се преголеми, целосно ги сфаќам и поради тоа се обидуваме да изнајдеме решение, изјави министерот за земјоделство Арјанит Хоџа.

Од 15 ноември кога започна откупот до денес откупени се 300 тони од 23 илјади тони тутун, за колку што се склучени договори.

Откупувачите се правдале дека земјодлеците подметнуваат и тутун и со послаб квалитет,  а производителите пак  велат цените се далеку од реалните.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Телма во Чучер Сандево: Со пожарникарите и жителите ги бранат куќите и манастирите од пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе