Македонија

Михаил Рот: „Бугарија e осамена во ветото кое може да ја загрози безбедноста на Западен Балкан и Европа“

Запирањето на напредокот на Северна Македонија кон е ЕУ е тешка политичка грешка, е пораката која утрово ја испрати Германскиот министер за Европа Михаел Рот пред почетокот на денешниот состанок на министрите на ЕУ како подготвка за лидерскиот самит во четврток.

Тој вели дека Бугарија е осамена во блокадата, останатите 26 членки не се согласиле со нивните билатерални барања, а интеграцијата на земјата останува на дневниот ред на состанокот.

„Ќе разговараме за проширувањето на ЕУ. За жал, досега не успеавме да го исполниме напредокот за кој самите веќе се усогласивме. Во позадина стојат билатералните барања на една земја-членка кон која другите 26 не можеа да се приклучат”, рече Рот.

Рот, со оптимизам дека змејата може да ги продолжи евроинтеграциските процеси, но и со загриженост дека ветото може да предизвика проблеми во безбедноста на регионот, но и за Европа,  и испрати предупредување дека за овој проблем треба да бидат свесни сите.

„Како претседавач со ЕУ правиме сѐ што можеме за во најбрз рок да се дојде до компромис и да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, а по исполнувањето на некои дополнителни услови, и со Албанија. Сѐ друго ќе биде тешка политичка грешка со цена по стабилноста и безбедноста на Западниот Балкан и тоа тешко ќе ја загрози и безбедноста на Европа. За тоа треба сите да бидат свесни“, изјави Рот во обраќањето пред денешната видеоконференција на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

Рот го води последниот состанок на министрите под претседателство на Германија.

Во новата година оваа обврска ја превзема Португалија. Бугарија го блокира усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија, бидејќи останатите 26 земји членки на ЕУ не се согласуваат бугарските барања за негирање на македонскиот јазик и македонскиот идентитет да бидат вметнати во рамката, Европската унија го тргна прашањето за проширувањето од дневниот ред во пресрет на денешниот состанок на министрите за надворешни работи и лидерскиот самит закажан за в четврток.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинение против екс-директорот на затворот Шуто Оризари

Дејан Дејан

Силјановска – Давкова: амандманите излобиран од бугарски европратеници се показател дека ЕУ има сериозен проблем со демократијата

Дејан Дејан

Европратениците дебатираат за извештајот на Вајц за Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе