Македонија

Нема да има нови рестрикции за угостителските објекти – илјада субјекти ќе бидат помогнати

Во импровизирана пријатна ресторанска атмосфера и само со средство за дезинфекција на масите, властите и угостителите седнаа да се договорат како да ги ублажат последиците од Корона-кризата.

Угостителските објекти сега работат со посебни протоколи и со ограничено работно време, а откако започна пандемијата извесен период поминаа и целосно затворени.

Како и тогаш така и сега, сопствениците чекаат помош од државата. И истата ќе ја добијат преку различни грантови за коишто аплицирале, а сѐ на сѐ, за нив ќе бидат одвоени околу седум ипол милиони евра.

Министерот за економија Бектеши на прес-конференцијата кажа дека Комисија од неговото министерство веќе има извештај за над илјада субјекти кои аплицирале за помош и сите ќе добијат поддршка – хотелиери, ресторани, туристички агенции, туристички водичи и игротеки.

Но, не сите прашања се затворени за овие дејности.

„Остана сериозно отворено прашањето за користењето на платите во последните три месеци од годината за угостителските објекти коишто за жал не можат да ги исполнат условите за поврзување на вработувањата во август и октомври месец вклучително и обврската да не исплаќаат бонуси, дивиденди и награда за вработените во месеците кога имаше можност за работа“ изјави Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија.

Засега не се планираат никакви нови рестрикции за угостителите, од веќе постоечките. Ќе има вакцини за населението, а не нови мерки кажа Бектеши од говорницата.

За „недела неработен ден“ угостителството е изземено како сектор, но целата работа се уште не е завршена.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Давитковски: Уставен суд легитимно ја поништи одлуката на Собранието

Дејан Дејан

Меџити вели дека со разрешувањето на уставната судијка, ДУИ губи можност за дестабилизацијa 

Дејан Дејан

Уставен пресече во корист на независните кандидати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе