Хуманите граѓани се одѕваа на апелот за помош на Ристоски од Тетово. Собрани се средствата потребни за целокупното лекување на Михаил, кој има парализа на раката. Семејството појаснува за што се наменети и апелира граѓаните повеќе да не донираат пари.
Граѓаните на нашата земја, но и иселениците во странство ја покажаа својата хуманост. По апелот за помош на семејстовто Ристоски од Тетово, за само 6 дена се собрани средствата потребни за целокупното лекување на малиот Михаил, кој има парализа на левата рака, како резултат на повреда при неговото раѓање.
По реакциите кои излегоа во јавноста и од белградската клиника, од семејството појаснуваат дека освен за акупунктурата во болницата, парите се наменети и за дополнителни трошоци.
Михаил на првата сесија во болницата е планирано да замине во втората половина од јануари идната година, велат од семејството.
Бидејќи ги имаат потребните средства, Ристоски апелираат граѓаните повеќе да не донираат пари.
Данијела Билбилоска