Во Струмица почнаа подготвителните работи за монтирање на модуларната болница за ковид пациенти. На површина од 600 метри квадратни ќе бидат поставени 36 контејнери за сместување на пациенти со полесна и потешка клиничка слика.
Очекувањата се дека во болницата ќе има пациенти до крајот на годината, а ќе биде снабдена со потребна медицинска опрема.
Во регионот има позитивни и активни околу 570 лица а седумдесетина досега починале.
Сузана Мицева
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.