Македонија Најважни

Надлежните бараат начин за намалување на бројот на затвореници

Нема простор и законски услови за нова амнестија, можно е да се искористи мерката условен отпуст за затвореници со помали казни, осудени за полесни дела кои веќе одлежале три четвртини од казната за да се намали затворската популација и да се спречи поголема епидемија во затворите.

Ова било разгледувано на работната група составена од повеќе институции од правосудниот сектор, МВР и здравство која треба да ја најде решение за спречување на ковид зад решетките. Во моментот 27 затвореници од кои 25 во Идризово се заразени и сместени во приемното одделение во најголемиот македонски затвор.

Двајца заболени се во затворот Шутка во посебни келии. Бројката се стабилизира и состојбата се држи под контрола, велат од затворската управа, иако потврдуваат дека во Идризово има и цели затворски крила кои се во изолација затоа што таму 228 осуденици се изолирани. Заболени има и во стражарската служба, во сите зсатвори има 40 активни Ковид случаи и приближно толку во изолација.

Најмногу се во Идризово, а заболени затворски полицајци има во Шутка и во Охрид. Решението се гледа во намалување на затворската популација, иако поради законските обврски веќе се доставени и нови упатни акти за издржување на затворски казни за до 27-ми декември да се пријават и заминат во затвор уште неколку десетици нови затвореници.

Работната група планира стопирање на дел од овие решенија, како и пуштање со условен отпуст за оние осуденици кои се пред крај на престојот зад решетките. Сепак најлошо е во затворените одделенија во затворите, а и денеска неколкумина затвореници и нивни сопруги се јавуваа и се ќалеа на лошите услови за сместување во карантин каде се сместени во Идризово.

Таму заразените се сместени во приемното одделение од каде испратија и снимки кои во текот на оваа недела ги објави Телма. На снимките се гледаат просториите во кои се сместени Ковид затворениците кои бараат подобри услови и поголема здравствена грижа. Од Управат за извршување санкции ни одговорија дека капацитетите не дозволуваат поинаков начин за сместување и дека се надеваат оваа недела, работната група да понуди решение за да се намали бројот на осуденици.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе