Македонија

Власта и опозицијата во кавга околу ширењето на дезинформации

Власта и опозицијата во кавга и околу студија подготвена на барање на Комитетот за надворешна политика на Европскиот Парламент,  во која профилот на социјалните мрежи на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на Никола Груевски, како и неколку интернет портали се се извори на дезинформации.

„Ова е уште една потврда, уште едно демаскирање на кујната во белиот дворец во стечај, во која се готват лажни вести, измислици и дезинформации, на штета на националните и на државните интереси, на штета на граѓаните„ – соопштија од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека “документот кој што вчера беше објавен и преставува анализа за состојбата со лажните вести во државите од Западниот Балкан, не е официјален став на Европскиот Парламент“.

Дезинформациите остануваат моќна сила кои ги нарушуваат состојбите во внатрешната политика во Северна Македонија, иако по промената на власта, тие се истуркани на маргините, се наведува во студијата, со наслов  „Мапирање на лажните вести и дезинформации на Западниот Балкан и идентификување начини за борба со нив“,  изработена од Генералниот директорат за надворешна политика на Европската Унија по нарачка на Европскиот парламент.

Во Студијата поименично се наведуваат медиумите финансирани од унгарски бизнисмени во Северна Македонија како главни извори на дезинформации, но исто така се посочува и на профилите на социјалните медиуми на повеќе личности, меѓу нив, и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе