Универзитетскиот професор Нано Ружин вели дека лично тој нема никаков проблем да се допрецизираат одредени членови од договорот со Бугарија. Позначајни прашања според него преку кои треба да се најде одговорот како дојдовме до оваа ситуација и како да се објасни бугарската позиција.
Ние заемно не се познаваме! Можеби ги познаваме историите, можеби сме под некои влијанија на некоја тивка моќ што против Бугарите овде владеела во тоа време, кога тие биле многу несреќни во другиот блок. Нашите луѓе не знаат многу детали, особено од воениот период од 1941 година наваму. А тоа е дека Бугарија 1941 година објави војна на САД и Британија, пристапи кон тројниот пакт, дека не учествуваше во нападот на Советскиот сојуз, меѓутоа учествуваше во војната со Југославија и со Грција. 1944 доаѓаат Советите на Дунав и тие потпишуваат капшитулација и една година се на страната на сојузниците и Патриотската војна која не се водеше на територијата на Бугарија, туку на територијата на Југославија и Унгарија, вели Ружин.