Никави тајни преговори во моментов нема, имамме континуирани преговори со министерството за надворешни работи на Бугарија, вели државниотѕ секретар на МНР Зоран Попов во јавувањето во Топ Тема на Телма.
Попов вели дека се разговара за документ и ќе се види дали тоа ќе биде меморандум или прокол кон имплементација на договорот.
Патоказот е еден дел од разговорите кои се во тек и тука нема никакви тајни работи или детали. Можам да кажам дека патоказот се однесува за забрзана имплементација на договорот за добрососедство и соработка во различни области, економија, обрзование, одбрана, култура, животна средина, вели Попов
Попов ја повтори владиното тврдење дека никој во владата и преговарачкиот тим не прифатил преговори за македонскиот идентитет и јазик.
Дел од аналитичарите сметаат дека со самото тоа што се прави патоказ, тоа ќе значи доброволно ставање на бугарските барања во преговарачката рамка. Но, Попов го отфрла тоа и тврди дека се разговара само за еден практичен патоказ за имплементиација на членовите од договорот.