Кошарка Спорт

Грција и БиХ и се приклучија на Хрватска

По вчерашните победи над Летонија и Бугарија, репрезентациите на Босна и Херцеговина и Грција и се приклучија на Хрватска која претходно обезбеди настап во завршницата на Европското првенство во кошарка што ќе се одржи во 2022 година.

Грција забележа победа од 84:78 во дуелот со Бугарија, а Босна и Херцеговина славеше над Летонија со 79:73.

Хрватите се единствената селекција која има четири победи во исто толку настапи, а бројката на учесници на континенталниот шампионат може да се зголеми денеска.

Максималниот учинок може да го достигнат Грузија и Израел.

Грузијците денеска од 15 часот ќе се соочат со Швајцарија, а Израел за противник ја има Полска и овој натпревар стартува од 16 часот и 30 минути.

 

КОШАРКА – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП

А ГРУПА

ИЗРАЕЛ – ПОЛСКА

ШПАНИЈА – РОМАНИЈА

 

Б ГРУПА

РУСИЈА – ИТАЛИЈА

МАКЕДОНИЈА – ЕСТОНИЈА         одл.

 

Е ГРУПА

ГРУЗИЈА – ШВАЈЦАРИЈА

СРБИЈА – ФИНСКА

 

Ф ГРУПА

УКРАИНА – АВСТРИЈА

СЛОВЕНИЈА – УКРАИНА                               одл.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе