Македонија Топ вести

Совет на амбасадори: Бугарија не се претстави пред светот како европски ориентирана земја

Советот на амбасадори изрази жалење заради ветото што го постави Бугарија со што се блокира почетокот на преговорите на земјава со Европската унија. Во соопштението од Советот на амбасадори се наведува дека не може да се развиваат добрососедски односи меѓу земјите со негирање на минатото на народите, нивните јазични и културни вредности од позиција на примена на вето како екслузивно право на земја членка на Унијата кон земјите кандидати или аспиранти.

– Со овој непримерен чин, Република Бугарија не се претстави пред светот како европски ориентирана земја која ги почитува и применува европските вредности и стандарди на самоопределување, човекови права, демократија, јазичните и културните вредности и различности. Советот на амбасадори смета дека доколку се пропушти можноста за соодветно решение до и на самиот Самит на ЕУ, дека  во рамки на неодамнешните реформи на процесот на проширување на Европската Унија, ќе биде испуштена приликата за корекција на принципот на општ консенсуз при донесување на одлуките со посовремен и поефикасен  начин на донесување на одлуки, се вели во соопштението.

Советот на амбасадори ги повикува земјите членки на Унијата, а посебно Република Бугарија, да вложат вистински напори и да придонесат на Европскиот совет да се донесе вистинската одлука, односно во декември Република Северна Македонија и ЕУ да ја одржат првата меѓувладина конференција и да започнат преговорите за членството во Унијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сè уште е на интензивна нега, но состојбата ѝ се подобрува – ФЗО за една од критично повредените пациентки од пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Сомнежи за злоупотреба на боледувања – контролите двојно зголемени

Дејан Дејан

Со заем од две милијарди евра за брза пруга, јавниот долг може да скокне до 64,7 отсто

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе