Македонија Најважни

Полициски инспектори влегле со налог во веледрогеријата Пановски-Др Пановски охрабрува истрага за вечната тема со паралелниот увоз но без медиумски сензационализам

Короната ја закочила предистрагата за паралелниот увоз на лекови која по допрен глас ја отвори скопското, а ја презеде обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Претпладнево полициски инспектори од организиран криминал на МВР влегле со налог во веледрогеријата Пановски. Според информациите од истрагата, се бараат декларации за лековите увезени преку паралелен увоз, докумнтација за странските фирми извозници, особено оние од Турција. Сомнежите се дека се увезувани фалсификувани лекови кои се дистрибуирани во јавното здравство. Полицијата бара и документи за да се утврди кои од лековите се на товар на Фондот, и дали увезените лекови се соодветни со оригиналните лекови кои им биле потребни на пациентите во јавното здравство.  Освен во Пановски, со предистражната постапка опфатени се уште 4 други големи веледрогерии.

Од МВР и од Обвинителството потврдија дека се спроведуваат активности кои биле замрзнати поради пандемијата.

МВР: Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал  постапува по Наредба издадена од страна на надлежен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со увоз на лекови. Се вршат проверки во неколку веледрогерии.

Јавно обвинителство: По предметот се преземаат предистражни дејствија подолг временски период. Денешните активности на МВР се резултат на претходно издадени наредби од страна на предметниот обвинител кои заради актуелната состојба со пандемијата не биле до сега реализирани. Во случајов не станува збор за претреси, туку за вршење на проверки и прибирање на документација која ќе помогне при утврдување на фактите и расветлување на случајот.

Од веледрогеријата Пановски ни одговорија дека ги охрабруваат истрагите на надлежните за да се утврди вистината за паралелниот увоз до 2017-та година, но дека дел од сензационалните вести за постапката нема да влијаат врз нив затоа што работат согласно законите.

ОДГОВОР ОД ВЕЛЕДРОГЕРИЈА АД ДР ПАНОВСКИ: Имаме разбирање дека темата за „паралелен увоз“ веќе со години на периоди ја бранува јавноста и затоа сметаме дека треба конечно да се стави крај на сите дилеми поврзани со законитоста на набавките и квалитетот на лековите. Го почитуваме интересот на медиумите, но немаме намера да изнесуваме детали за да не им попречуваме на надлежните институции да ги преземаат сите неопходни дејствија. Дел од сензационалните вести кои имаат за цел да го нарушат угледот на веледрогеријата АД Др Пановски не можат да влијаат на фактите дека работиме исклучиво согласно позитивните законски прописи.

Директорот на Малмед Лирим Шабани, за Телма изјави дека од неговото назначување пред две недели досега истрагата не барала информации за паралелниот увоз, но ни соопшти и дека таков паралелен увоз веќе законски е укинат повеќе од една година. Кога почна паралелниот увоз, најгласни критичари беа пациентите кои преку своите здруженија реагираа затоа што наместо оригиналните добиваа други лекови кои се поефтини без да се води сметка за нивното здравје и потребите. По допрен глас, обвинителството отвори предмет.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии, Град Скопје бара реакција од Општина Кисела Вода и МЖСПП

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Собраниската Комисија за избори и именувања е реликт од комунизмот, во неа седат најпартиските луѓе и чудно се договараат

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор ги ставил ад акта идентитетските прашања за историја, култура, јазик и народ, решени се

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе