Вести Македонија Најважни

Ќе го издржи ли здравството притисокот на есенскиот бран?

Бројот на заразени ги скуси болничките капацитети, кревет повеќе се поставува во секоја болница ширум земјата, откако изминатата недела се вброи во „најцрните“ во есенскиот бран на пандемијата. Само синоќа 38 пациенти дошле во скопските клинки за Kовид -19,но не си заминиле. Вкупно се лекуваат 382- ца пациенти во Скопје меѓу кои и најтешките случаи . Капацитети се исполнети, но слободни места има, а здравствениот систем е под притисок, е денешната оценка на ресорниот  министер

И најмладите бараат помош против ковидот. 14 деца се хоспитализирани во детската болница Козле. Над 1000 граѓани побарале помош во болниците ширум земјата.

„Во ГОБ „8 септември“ има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 158 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 42 пациенти, 14 деца и 28 возрасни.“

Куманово, Струга, Струмица одмана ги пополнија капацитетите, а сега се зафаќаат и одделенијата за неврологија и психијатрија со што Кумановската болница добива нови десет кревети. Полните капацитети се должат на рапидниот скок на бројот на заразни во изминатите две недели. 37 отсто повеќе луѓе се заразиле со корона вирус во мината недела.

За смртноста и ширењето на ковид алармираше и инстиутот за јавно здравје. Според статистиката, во последната недела од Ковид 19 починале 127 луѓе што е за 41,1% повеќе во однос на претходната недела. Според последните податоци на Министерството за здравство 15 975 во моментив се заразени со вирусот. Од почетокот на епидемијата до сега 42 540 лица се заразија со вирусот, а 1 212 починаа.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мексиканска инфлуенсерка застрелана во живо додека снимала за мрежата „TикТок“

Дејан Дејан

„Сите за Кочани трчаме“ заедно е слоганот под кој на 25 мај ќе се организираат хуманитарни трки во седум градови во земјава

Дејан Дејан

Бремена Израелка убиена на Западниот Брег

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе