Бројот на заразени ги скуси болничките капацитети, кревет повеќе се поставува во секоја болница ширум земјата, откако изминатата недела се вброи во „најцрните“ во есенскиот бран на пандемијата. Само синоќа 38 пациенти дошле во скопските клинки за Kовид -19,но не си заминиле. Вкупно се лекуваат 382- ца пациенти во Скопје меѓу кои и најтешките случаи . Капацитети се исполнети, но слободни места има, а здравствениот систем е под притисок, е денешната оценка на ресорниот министер
И најмладите бараат помош против ковидот. 14 деца се хоспитализирани во детската болница Козле. Над 1000 граѓани побарале помош во болниците ширум земјата.
„Во ГОБ „8 септември“ има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 158 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 42 пациенти, 14 деца и 28 возрасни.“
Куманово, Струга, Струмица одмана ги пополнија капацитетите, а сега се зафаќаат и одделенијата за неврологија и психијатрија со што Кумановската болница добива нови десет кревети. Полните капацитети се должат на рапидниот скок на бројот на заразни во изминатите две недели. 37 отсто повеќе луѓе се заразиле со корона вирус во мината недела.
За смртноста и ширењето на ковид алармираше и инстиутот за јавно здравје. Според статистиката, во последната недела од Ковид 19 починале 127 луѓе што е за 41,1% повеќе во однос на претходната недела. Според последните податоци на Министерството за здравство 15 975 во моментив се заразени со вирусот. Од почетокот на епидемијата до сега 42 540 лица се заразија со вирусот, а 1 212 починаа.
Павле Беловски