Вести Македонија Најважни

Пациенти со коронавирус ќе се примаат на сите Клиники, дури и на Очната

Експлозија на вирусот се случува во моментов во земјава, дециден е денеска министерот за здравство Венко Филипче. Но експлозија од наплив на пациенти има исто така и по болниците каде вкупно во моментов се хоспиатализирани 890 болни од Ковид 19.

Поради тоа што се е преполнето се активира планот за нови болнички кревети. Цела зграда за интерни болести ке се пренамени за ковид пациенти што би значело дека ќесе примаат и на дерматологија и неврологија на подолните катови, а на погорни на гастро, реуматологија, нефрологија и дијализа, но и на оториголарингологија и очни болести.

Во моментов има 100 кревети а Со ова ќе се отворат дополнителни 150 легла. Дел од болниците низ земјата пак веќе се преполнети па пациентите или се носат во Скопје на институтот за белодробнизаболувања во скопје или во соседни градови каде има место. За сега 8 ми септември има капацитет од 100 кревети, но доколку е потребно ќе се стави повторно во функција како ковид центар.државата не е во план да ги активира Приватните болници. И покрај тоа што граѓаните реагираат дека тешко се доаѓа до болнички кревет, Филипче убедува дека места има.

Според податоците на институтот за јавно здравје во моментов 266 здравствени работници се лекуваат од ковид 19 што е дури 18 проценти од вкупно заболените од стартот на кризата.  и Директорката на инфективната клиника Милена Стевановиќ вели дека се прават огромни напори за секој пациен ја добие потребната грижа.

Сепак министерот признава – состојбата е алармантна. Под голем притисок се службите за брза помош поради што денеска се правела дополнителна координација. Од друга страна се отвораат и нови 6 пунктови за тестирање во Скопје што би значело дополнителни 500 тестови на ден, а ќе се користат и брзите тестови кои беа набавени.

За нешто повеќе од месец дена бројот на заболени е искачен за повеќе од 10 илјади. Што е речиси третина од вкупниот број на до сега заразени во целата ковид криза. Вирусот е широко распространет вели Филипче. Во меѓувреме се пристигнати вакцините за сезонскиот грип и распределени по градови па вакцинацијата ќе почне од вторник.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе