Вести Македонија Најважни

Ако побара Комисијата, Владата ќе прифати карантин или полициски час

Полициски час, карантин, затворање на училишта или на други стопански субјекти засега нема. Ова е денешниот заклучок на комисијата за заразни болести која предводена од министерот за здравство Венко Филипче им порачаа на граѓаните да носат маски и да не се групираат повеќе од 4-ца на отворено, а ако немаат потреба нека седат дома.

Оваа формула од мерки ги давала резултатите ќе заклучи, пак, премиерот Зоран заев. Тој е против карантин, но ќе прифати таков предлог ако комисијата побара од владата. Дали економијата добива предимство пред здравствениот систем, Заев на новинарско прашање ќе одговори дека ситуациајта е стабилна, а полицијата неместо да гони прекршители на полициски час може да биде корисна за други  намени.

Од друга страна, пак, Заев побара,а претседателот Пендаровски даде потпис, владата да може да располага со армијата. Граѓаните да не стравуваат, ќе ја гледаат пред болниците, а целтта е да помага во воспоставување ред.

Граѓаните немаат можност по 21 часот да се групираат на отворено, и да седат во угостителски објетки, но затоа трговските центри остануваат отворени за движње. Косово и Грција од регионот први се определија за ограничување на движењето на граѓаните, по примерот на повеќето до западно европските земји во кој паднемијата зема замав со пораст на бројот на заразени граѓани.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе