Кошарка Спорт

Евролигата бара решение за продолжението на сезоната

Челниците на кошаркарската Евролига побараа средба со водечките луѓе во националните шампионати и регионалните натпреварувања кои имаат свои претставници на која ќе се разговара за продолжението на сезоната.

На состанокот треба да се договори начинот на кој ќе продолжи елитното натпреварување со оглед на фактот дека голем дел од европските земји поради сериозноста на епидемиолошката ситуација полека ги затвораат границите и воведуваат строги карантински мерки.

Секој од челниците ќе ја претстави ситуацијата во својата земја или регион со евентуални предлози како Евролигата да продолжи без поголеми проблеми.

Ќе се разгледува опцијата за почесто тестирање на играчите, а ќе се договараат и термините за одигрување на мечевите кои во досегашниот тек од сезоната беа одложени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе