Во тензична атмосфера помина и вториот ден од расправата за изборот на Добрила Кацарска за судија во Уставниот суд.Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека предлогот е партиско политички и е награда за Кацарска за пресудите кои ги донела против членовите на партијата.
На секоја дискусија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ставаа транспаренти на говорница а со свирежи беа проследени репликите на политичките противници.
Судија во Уставен суд се бира со мнозинство од 61 пратеник за мандат од 9 години без право на повторен избор.
Јулијана Пешевска