По изјавата на тренерот на Армани Милано, Еторе Месина дека поради сериозноста на состојбата со пандемијата Евролигата мора да се прекине, следува и реакција од раководството на елитното натпреварување.
“Го почитуваме мислењето на Еторе, но во моментов не се размислува за прекинување на натпреварувањето. Имаме редовни контакти со клубовите кои се дел од Еворлигата и тие имаат идентичен став како и раководството. Сите сакаат лигата да продолжи, мечевите да се играат според календарот кој е утврден уште во јули оваа година”, изјави анонимен член на раководството на Евролигата.
По неколку недели пауза конечно ќе се одигра едно коло во кое барем за сега нема да има одложени натпревари и в четврток и петок треба да се играат сите девет дуели од седмата рунда.