Економија Топ вести

Оштетени штедачи од Еуростандард банка со иницијатива до Уставен за преиспитување на Законот за банки

Оштетените штедачи со заштеди над 30 илјади евра и правните лица се дискриминирани и се во состојба на нееднаквост во однос на Фондот за осигурување на депозити, бидејќи тој согласно членот 163, став 3 од Законот за банки , има приоритет при наплатата на побарувањето во однос на другите доверители, вели правниот застапник на оштетените штедачи.

  • Со таквата позиција, при ситуација на стечај на банки, како сега со „ Еуростандард банка“, фактички може да се доведе во ситуација, сите доверители да останат без обештетување за сметка на Фондот, кој со правото на исплата на своето побарување како доверител, може да ги наплати сите сретства со кои ќе располага стечајната маса, вели Љупчо Кузмановски- застапник на оштетени штедачи од „ Еуростандард банка“

Од Уставниот суд бараат да изрече привремена мерка , со која би запреле извршувањата на сите подзаконски акти, што се превземени врз основа на Законот за банки.

  • Очекуваме Уставниот суд да реагира промптно, да постапува по приоритет по иницијативата и во поитен рок , пред да започне обештетувањето во стечајната постапка, според Законот за банки од ченот 163, став 3, да ја усвои привремената мерка за да се спречи ненадоместлива штета, за физичките лица над 30 илјади евра и за правните лица, вели Љупчо Кузмановски –застапник на оштетени штедачи од „Еуростандард банка“.

Првото рочиште за стечајната постапка на „ Еуростандард банка“ , е закажано за 6 ноември, дополнува Кузмановски.

„ Еуростандард банка“ ја изгуби дозволата за работа во август, зашто според Народната банка, таа не ги исполнила минималните услови за работа, неконтролирано превземала ризик за кредитирање и вршела големо издвојување на резервации за кредити кои не се враќале навреме. Беа покренати и две кривични пријави против лица кои управувале со банката.

Над 70 % од клиентите со заштеди до 30 000 евра веќе ги подигнале сретствата кои што им беа заробени, со стечајот на „ Еуростандард банка“, а штедачите со влогови над 30 илјади евра не отстапуваат од нивните барања за целосно обештетување преку носење на закон, уредба на Влада или некој друг правен механизам.

Сотир Трајков

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе