Ковид19 Македонија Топ вести

Владата одлучи – угостителските објекти ќе работат до 21 часот, а потоа е забрането и групирање на јавен простор

Комисијата за заразни болести препорача, а Владата одлучи – угостителските објекти ќе ги испратат гостите и ќе ги исчистат масите најдоцна до 21 часот.

Досега беа ограничени до 23 часот, а сега со клуч на врата два часа пред тоа ќе придонесат за послаба трансмисија на Ковид низ државата.

Оваа мерка е во согласност со препораките на стручните лица од Комисијата коишто засега не покажуваат подготвеност да воведат целосно затворање на економијата, но со речиси секоја од мерките настојавуваат да ги спречат граѓаните да се групираат и да го шират вирусот.

„Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Се скратува работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид“ напиша на Фејсбук, претседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев.

А, угостителите, пак, сметаат дека тие воопшто не се проблематични во целата ситуација со Корона вирусот, ниту пак локалите „жаришта“ на инфекција.

Мерката за кратење на работното време не е неопходна затоа што луѓето веќе и самите ги заобиколуваат кафулињата, велат од Независната угостителска комора.

„Поголемиот дел од угостителите веќе размислуваат да ги затворат локалите. Дури и оние коишто нема да ги затворат настојуваат да направат рационализација на трошоците односно рационализација на вработените. Нас најмногу нѐ плаши тоа што угостителите и покрај тоа што ќе настојуваат да ги задржат вработените, самите вработени ќе ги напуштат работните места односно ќе бараат да се одјават затоа што нивниот интерес и сигурноста на работата во угостителството едноставно губи секаква смисла. Угостителските објекти имаат значително намален промет, немаат никаква посетеност на гости – поготово во вечерните часови“ изјави Здравко Јосифовски, претседател на Независната угостителска комора.

Претходно министерот за здравство Венко Филипче посочи дека резултат од воведените мерки се оекува за три до четири недели.

На денешната седница на Владата, пак, дополнително одлучи да се забрани групирање на граѓаните на јавен простор по 21 часот.

Усвоена е и препорака за сите домашни и странски граѓани на наша територија после 21 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат неопходна потреба.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

Објавен на ЕНЕР Предлог Закон за Судскиот совет – се чека мислење од Венецијанската комисија

Дејан Дејан

Почина најсиромашниот претседател на светот Хозе Мухика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе