Комисијата за заразни болести побара, владата е на потег да одлучи дали ќе го крати работно време на угостителските објекти. По, обемните критики во јавноста дека граѓаните со новите мерки мораат да носат маска на отворено, не и во кафеана, министерот за здравство Венко Филипче и комисијата топката ја префрлија кај владата.
„Денеска и предложивме на владата угостителските објекти да работат со скратено време до 21 часот, наместо сегашното до 23 часот. Предлогот е подготвен и испратен до владата за дискусија на утрешната седница,“ одговори Филипче за Телма телевизија
Рекордите на новозаболени пациенти во вториот бран од пандемијата го отворија прашањето каде граѓаните најчесто ја шират и префаќаат заразата, на што здравствените власти ги предложија мерките за носење маски на отворено, забрана за групирање на отворено и редуцирање на патниците во градскиот јавен превоз.
Филипче, на критките зошто кафеаните работат и примаат гости на една маса по четворица без маски синоќа во гостување на ТВ Сител посочи дека ако новодонесените мерки не дадат резултатите се размилува и за целосно затворање на угсотителските објекти.
Филипче и комисијата, но и премирот Зоран Заев постојано ја отфрлаат можноста за воведување карантин, или полицсики час, иако повеќето до земјите од европската унија ги усовија овие непопуларни мерки врз целото население.
Павле Беловски