Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина побарал од владата и покрај воведувањето карантинот на територијата на целта земја да не го прекинува националното првенство.
Гравина во писмото упатено до министрите за економија и спорт, Роберто Гуалтиери и Виченцо Спадафора објаснува дека евентуалниот прекин на Серија А ќе доведе до огромни финансиски загуби и ќе доведе до крах на целиот систем на натпреварување.
Во моментов поради влошената епидемиолошка ситуација карантин е воведен во неколку земји во Европа, но во ниту една барем за сега не се прекинати спортските натпреварувања освен што се ќе се игра во нови термини како би можело да се почитуваат забраните за движење во вечерните часови.