Откако вчера Реал Мадрид соопшти дека по последното тестирање е регистриран еден позитивен случај на инфекција со коронавирусот, денеска Кралскиот клуб објави дека станува збор за дефанизвецот Едер Милитао.
Дваесет и две годишниот Бразилец нема да биде во комбинација за мечот од Лигата на шампионите против Интер, кој е на програмата утре, а ќе го пропушти и неделното соочување со Валенсија.
Во соопштението на Реал Мадрид се истакнува дека сите останати фудбалери, членови на стручниот штаб и помошен персонал се негативни.