Изборната трка во САД влегува во последните часови. Претседателот Доналд Трамп и поранешниот потпретседател, кандидат на Демократите, Џо Бајден брзаат да ги соберат гласовите од оние кои се одлучија да гласаат на изборниот ден. Последни на листата на Бајден се сојузните држави Охајо и родната Пенсилванија, која ќе биде клучна за победа. Трамп, за последни на агендата ги остави 4-те сојузни држави кои пред 4 години му ја донесаоа победата- Северна каролина, Мичиген, Висконсин и Пенсилванија. И Трамп и Бајден не ги штедеа навредите еден за друг низ целиот изборен процес.
Двајцата претставуваат два сосема различни политички концепта за американците во време на најлошата здравствена криза во овој век. Анектите покажуваат мала разлика меѓу Трамп и Бајден, но фактот што можноста за рано гласање ја искористија 65 отсто од вкупниот број гласачи кои излегоа на изборите во 2016 година, доведува до заклучокот дека Американците се сериозно заинтересирани за овие избори. Стравот од ширење на коронавирусот, исто така, придонесе за голем број граѓани да одлучат да гласаат по пошта или на избирачките места со цел да избегнат гужви на денот на изборите утре..
Трамп вчера повторно изрази сомнеж за ваквиот вид на гласање и се осврна на интегритетот на американскиот устав. Според него пребројувањето на гласовите испратени по пошта ќе трае многу подолго од изборниот ден и најави дека поради тоа би можеле да се вклучат и неговите адвокати. Трамп инсистира резултатите да се знаат вечерта на трети ноември.
Бидејќи ќе имате една, две или три држави, зависно кога ќе заврши, каде ќе ги пребројуваат гласачките ливчиња, а о статокот од светот ќе чека. Мислам дека тука има голема опасност. И тука ќе може ќе има многу измама и злоупотреба. Мислам дека е ужасна одлуката на Врховниот суд, ужасна одлука. Не знам дали нешто ќе се промени, но веднаш штом вечерта ќе заврши, ќе одиме со нашите адвокати.
Трамп и претходно на своите приврзаници им кажуваше дека наводно 50 илјади гласачки ливчиња од оние испратените по пошта биле фрлени во река. Но, вакво нешто се нема случено, а американските медиуми јавуваат и за намерата на Трамп да прогласи победа уште вечерта. Бајден предупреди дека нема да му дозволи да се радува пред резултатите да бидат јасни.
Кога Американците гласаат, Америка ќе биде слушната. Кога Америка е слушната, верувам дека пораката ќе биде јасна и гласна: Време е за Доналд Трамп да си ги спакува куферите и да си оди дома!
Пандемијата, невработеноста и полициската бруталност ја натераа американската нација да се соочи и со вековното наследство на систематски расизам, кој под палката на Трамп видно ги подели Американците. Ако Трамп добие уште еден мандат, неговото нескротливо владеење ќе ја трансформира Америка и светот во една нова разочаровачка слика, велат аналитичарите. Победа за демократот Бајден ќе значи крај на еден траен хаос, навредите кон науката, вистината и фактите во секоја сфера на американскиот живот. Победата за Бајден ќе значи и враќање на надежта во Белата Куќа.
Според последните анкети Трамп заостанува зад Бајден во поголемиот дел од сојузните држави, но не и во тие кои ги носат најголемиот број електорални гласови.
Алиса Шутиноска