Вести Македонија

Скопските пожарникари и Шилегов никако до договор, најавија протест пред Влада

Се видоа, но ниту се поздравија ниту пак седнаа да се договорат. Пожарникарите денеска повторно на протест пред канцеларијата на градоначалникот Шилегов. Бараат одговор на писменото барање кое му го доставија минатата недела – дали е надлежен за нивниот проблем или не. Ќе протестираат до крајот на неделата а потоа најавуваат дека ќе се преселат пред Владата или Собранието.

Пожарникарите бараат да продолжи исплатата на надоместоците за кои веќе еднаш тужеа и за кои Судот пресуди во нивна корист и нагласуваат дека не бараат покачување на платите.

Градоначалникот Шилегов разговарал со синдикатите на пожарникарите и како претседател на ЗЕЛС попладнево ќе има состанок со премиерот Заев и вицепремиерката Шеќеринска токму за овој проблем. Тој повтори дека законските измени со кои ќе се исполнат барањата на пожарникарите ќе бидат донесени во јуни идната година и дека во моментов најмногу што може да стори е да обезбеди медијатори за што е можно побрзо и финансиски побезболно пожарникарите да ги добијат парите за надоместоци кои веќе има судска пресуда.

Основната плата на пожарникарите се движи меѓу 17 и 290 илјади и со сите надоместоци за прекувремена работа и ризик при работата може да дсотигне до 26 илјади.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе