Македонија

Димитров и Османи во Берлин на разговори со Захариева со посредство на Маас и Рот

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи престојуваат во посета на Берлин каде вечерва ќе имаат средба со министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.

Од Владата за МИА потврдија дека Димитров и Османи биле поканети од министерот за надворешни работи на Германија Хајко Маас и германскиот државен министер за Европа Михаел Рот да учествуваат на работен состанок во Берлин.

Разговорите во германскиот главен град се во функција да се најдат начини за приближување на позициите на Скопје и Софија и да се овозможи почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ во рамки на германското претседателство.

-Целта на состанокот е да се разгледаат можностите за решенија во рамки на Договорот за пријателство за да имаме заедничко успешно претседавање со Берлинскиот процс за Западен Балкан и заеднички успех во однос на процесот на ЕУ интеграции, појаснуваат од Владата за МИА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Објавен на ЕНЕР Предлог Закон за Судскиот совет – се чека мислење од Венецијанската комисија

Дејан Дејан

Мицкоски ќе предложи нови кадри за позициите на Алијанса

Дејан Дејан

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе