Вести Македонија

Ковид се шири и меѓу здравствените работници во струмичката болница

Расте бројот на медицинскиот персонал позитивен на ковид – 19 во струмичката општа болница. Поради тоа, се потешко е организирањето на работните смени на одделенијата, вели директорот Наќе Гогов. Не е добра ситуацијата ниту со расположливите капацитети. Додека се отвори регионалниот ковид центар во новиот крак, се снаоѓаат со днвениот ковид центар и просториите на инфективното одделение.

Денеска струмичката болница доби половно санитетско возило за транспорт на ковид- пациентите до Скопје. Минатиот викенд Гогов преку фејзбук апелираше да се донираат средства за купување на ново амбулатнско возило бидејќи постојните се малку и дотраени па честопати се дефект. Но, набрзо го повлече повикот поради како, што рече, големиот број негативни коментари. Од владата пак, најавија дека за два месеца ќе има ново возило.

Дотраениот возен парк на струмичката болница не е ништо ново. Со години се апелира дека нема услови за транспорт на пациенти, а оваа сосотјба е особено алармантна во моментов, кога Струмица е втор град по број на случаи позитивни на ковид – 19. Во моментов во градот има 560 активни случаи.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Десничарска група поврзана со Ле Пен под истрага на Европското јавно обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе