Голем број отпуштања, но и затворање на бизнисите бележи фото и видео индустријата во земјава. Пандемијата и забраната за организирање на настани им ја пресече работата, велат дека загубите се големи а излез од ситуацијата нема на повидок. Сметаат дека мора да настапат со заеднички барања и да имаат официјални застапници пред институциитe.
Според сопствениците на фото и видео студија важно е да се разговара за тековните но и nаталожените проблеми, како нелојалната конкуренција којашто им го руши бизнисот и цените.
Сопственици и вработени во овој сектор од целата држава се собраа во Струмица. Велат дека само со заеднички усогласени предлози и ставови можат да најдат решение коешто ќе биде корисно за целиот бизнис.
Сузана Мицева