Коронавирусот ја зголеми потрошувачката на кислород, антибиотици, наскоро може да се јави и недостаток со заштитна опрема за здравствените работници во штипската Клиничка болница. Набавката на овие материјали кои спасуваат човечки животи на Инфективното одделение во моментов е спречена. Изборите за градоначалник на Општина Штип, кои треба да се одржат на 13 и 27 декември не дозволуваат на менаџментот да ги прават јавните набавки и покрај тоа што се важни во битката со пандемијата. Побарале мислење и од Антикорупциска.
Антикорупциска со став дека во време на избори неможе да се распишуваат огласи за вработување и да се вршат јавни набавки во институциите, кои се на територијата, каде ќе има избори. Една од опциите е и да се позајмат медицинските материјали, но во ова време сите болници се соочуваат со голема потрошувачка на лековите и кислородот.
Ѓеорѓијев вели дека проблемот со јавните набавки за време на изборите ќе го презентира и на министерот за здравство, со цел да се најде решение. Во меѓувреме првиот опозиционер, Христијан Мицковски пред неколку дена во емисија на штипската регионална телевизија Стар најави дека наредната недела највисокото партиско тело ќе се изјасни дали ќе бара одложување на изборите во Штип во интерес на здравјето на граѓаните.
Викторија Јованова