Вести Македонија

Црвениот крст во битка со пандемијата со Ковид 19

Црвениот крст во континуитет во битка со пандемијата со Ковид 19. Медицинските тимови кои бројат 754 волонтери секојдневно се задолжени за  грижа за лицата кои се во ризик поради возраста, хронично болените, лицата кои се во изолација и оние кои се позитивни на Ковид 19.

Бројката со која ние располагаме е различна и варира од недела во недела, затоа што повиците ги добиваме на дневна основа во просек во текот на една недела. Добиваме приближно 267 повици за различни интервенции, вели Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвен крст на град Скопје.

Барбара Сермек Стефанова, лице со оштетен вид  во трето доба веќе осум месеци ги користи услугите на Црвениот крст во време на пандемија. Волонтерите на Црвениот крст во овие месеци се задолжени да ја обезбедуваат со намирници  и неопходна медицинска нега.

Најчесто ми треба од аптека лекови, да оди до лекар. Тоа се најчестите услуги. Нормално дека ми е страв бидејќи треба да сме дисциплинирани особено ние возрасните и да си го зачуваме здравјето и да им дадеме примерна помладите и дека ова треба да го сфатиме сериозно и треба да се штити секој себеси.

 

Нашите медицински тимови имаат комплетна евиденција за лицата кои не се во состојба да купат одредени суплементи  или терапија која им е препишана или немаат социјално осигурување, вели Пауновска. 

Доколку се има предвид дека состојба и во наредните месеци дополните ќе се комплицира со вирозите и појавата на грип Црвениот крст продолжува да реагира на терен согласно потребите на граѓаните. Сепак тие апелираат дека и капацитетот на Црвениот крст е ограничен и да се почитуваат да се почитуваат мерките и протоколите за да можат да излезат во пресрет на потребите на лицата воо ризик.

 

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе