Вести Македонија

„Покров“ со ретки методи им помага на зависниците да вратат на вистинскиот пат

Слободни луѓе, со самодоверба и планови за иднината. Вака се чувствуваат младите лица кои успешно го поминале процесот на одвикнување од зависности во тераписката заедница „Покров“. Според нив најтешко е да се издржи првиот период на адаптација и детоксикација, а подоцна е многу полесно, велат корисниците на услугите во процесот на рехабилитација во тераписката заедница „Покров“.

Дел од корисниците се вљубиле во работата на поле, допирот со природата, но и можноста да им бидат од корист на други луѓе со слична борба. Па решиле да останат тука и да работат.

Тераписката заедница „Покров“ ја раководи социјалното претпријатие „Избор“ кое има децениско искуство во работата со зависности. Манчев вели дека ваквиот пристап досега се покажал како успешен.

Оваа терапсика заедница работи по најсовремени методи коишто ретко се применуваат на Балканот. Токму поради тоа се поголем е интересот на лица од странство коишто сакаат да бидат во овој тераписки центар.

Пред околу две седмици во во Покров пристигнал штитеник од Косово.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три министерства во „реформски минус“ од 40 милиони евра

Дејан Дејан

Следното покачување на пензиите да биде според законското решение, да го нема линеарното до 2.500 денари

Дејан Дејан

Пациентката со рак на бели дробови прими втора хемотерапија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе