Вести Македонија

Локалните избори во Штип ги стопираа набавките за лекови на Инфективна

Коронавирусот ја зголеми потрошувачката на кислород, антибиотици,  наскоро може да се јави и недостаток со заштитна опрема за здравствените работници во штипската Клиничка болница. Набавката на овие материјали кои спасуваат човечки животи на Инфективното одделение во моментов е спречена. Изборите за градоначалник на Општина Штип, кои треба да се одржат на 13 и 27 декември не дозволуваат на менаџментот да ги прават  јавните набавки и покрај тоа што се важни во битката со пандемијата. Побарале мислење и од Антикорупциска.

Антикорупциска со став дека во време на избори неможе да се распишуваат огласи за вработување и да се вршат јавни набавки во институциите, кои се на територијата, каде ќе има избори. Една од опциите е и да се позајмат медицинските материјали, но во ова време сите болници се соочуваат со голема потрошувачка на лековите и кислородот.

Ѓеорѓијев вели дека проблемот со јавните набавки за време на изборите ќе го презентира и на министерот за здравство, со цел да се најде решение. Во меѓувреме првиот опозиционер, Христијан Мицковски  пред неколку дена во емисија на штипската регионална телевизија Стар најави дека наредната недела највисокото партиско тело ќе се изјасни дали ќе бара одложување на изборите во Штип во интерес на здравјето на граѓаните.

 

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе