Вести Ковид19 Свет

Земјите од средна Европа и натаму се епицентраот на вториот бран од корона вирусот

Полска јавува за 22 илјади новозаболени, додека Украина за едно деноноќие има девет илјади инфицирани. Словачка се одлучи на масовно тестирање на сите над десет годишна возраст. Операцијата на земање брис ќе трае два викенда, а за тоа се регрутирани 70% од здравствениот персонал. Бројот на заболени во Словачка секојдневно расте, а според властите единствена алтерантива да се сопре трансмисијата е земјата да се стави под карантин. По Франција и Германија, и Белгија се одлучи на целосен карантин, откако здравствениот систем речиси е пред колапс. Но, строгите мерки кои се воведуваат ги извади луѓето на улица. Во Шпанија и Италија дел од демонстрантите се судрија со полицијата. Фрлаа шишиња и петарди, а полицијата ги смируваше со солзавец. Во регионот, Хрватска јавува денеска за нови две илјади и 800-тини заболени. Босна има нов рекорд со 1.900-тини позитивни на вирусот. И Србија јавува за трипати зголемен број, а болниците во Словенија веќе се преполни. Албанија отвори трета ковид болница, со капацитет од 150 болнички кревети. А Грција воведе мини карантин во неколку области.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе