Се мобилизираат лекарите. 56 интернисти преку волонирање се ставаат на располагање на ковид центрите. Најголемиот дел се од Скопје но има заинтересирани и од други градови.
По состанокот со министерот за здраство Венко Филипче договорено е во наредните денови да се направи план и распоред на дежурствата. Од здружението на интернисти апелираат до сите колеги да се вклучат во борбата против корона вирусот, без оглед на тоа дали имаат склучено договор со фондот за здраствено осигурување или не.
Манолев се надева дека волонтирањето на интернистите ќе има позитивен ефект затоа што земјата се соочува со силен бран на вирусот.
Предвидено е да се одржат и состаноци со медицинските сестри за да може да се утврди и начинот на кој тие ќе се влучат во борбата со корона вирусот.
Јулијана Пешевска