Вести Свет Топ вести

Mасакр во Ница – влегол во црква и убивал во име на Алах – обезглавил една од жртвите

Со извикување „Господ е голем“ 23- годишно момче со нож во раце влетело во базиликата Нотр Дам во францускиот град Ница.

Заклал двајца мажи и обезглавил една жена. Сведоци велат дека при нападот напаѓачот викал на арапски господ е голем, а се обидувал да ги повреди и луѓето кои минувале покрај црквата.

„Бев присутна непосредно пред првите пукања, човек влезе во црквата Нотр-Дам, тогаш пристигнаа многу полицајци, се обиде да избега од катедралата, а полицијата го застрела“, пишува во коментарот на снимката.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози, на твитер објави дека полицијата го привела напаѓачот кој се обидувал да се сокрие. Според некои медиуми, тој е ранет и пренесен во болница, а разоружувањето и апсењето го снимија граѓани од своите домови.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, рече дека станува збор за терористички чин. Тој продолжи да извикува Алах Акбар дури и додека беше под медицинска терапија откако беше повреден од полицијата која пукаше во него при апсењето, рече Естроси.

„Прво сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите и на целата парохиска заедница во Нотр Дам де Ница и до сите луѓе од Ница кои се шокирани. Морам да кажам дека Ница и граѓаните, можеби повеќе од другите градови во Франција плаќаат премногу висока цена “.

„Доста е, сега е време Франција да се ослободи до заканите за мир и да го избрише исламофашизмот еднаш засекогаш од нашата територија првично напиша на својот твитер профил градоначалникот Естрози.  Засега не е познат мотивот за нападот во Ница, ниту дали има поврзаност со обајвувањето на карикатурите на пророкот Мухамед.

Сепак, обвинтиелството за тероризам отвори истрага за овој напад. Сѐ уште не е јасно и дали нападот има некаква поврзаност со нападот во Париз пред две седмици кога ученик, исто така, обезглави гимназиски професор поради прикажување карикатури на пророкот Мухамед.

По, нападот Ница добива поддршка, а осуда за бруталните линчувања стаса од германската канцеларка Ангела Меркел која што напиша дека е шокирана од ужасните убиства, додека ,пак, Турција остро го осуди нападот и изрази солидарност со францускиот народ.

Павле Беловски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе