Првата дама на САД Меланија Трамп на својот прв самостоен настап во јужна Пенсилванија го нападна Џо Бајден за лошата социјална политика, а на гласачите им порача дека Трамп мора да остане во Белата куќа за да го сработи започнатото.
- Политиката и социјалната програма на Џо Бајден ќе послужи за уништување на Америка и се што што е изградени изминатите четири години. Мораме да го задржиме Доналд Трамп во Белата куќа, за да може да заврши она што го започна, а начата земја би можела да продолжи да цвета, истакна Меланија Трамп.
- Џо Бајден ја нападна олуката на претседателот Трамп американскиот народ да го стави на прво место и да го спречи патувањето во Кина. Го нарече тоа ксенофобична хистерија. Сега сугерира дека можел да направи подобра работа. Па американскиот народ може да го види Џо Бајден кој е 36 години во Конгресот и осум во потпретседателството и да заклучат дали конечно ќе успее нешто да направи за Америка, рече првата дама на САД.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.