Антикризните мерки за заштита од ковид 19 ја вжештија атмосферата во собраниската комисија за здраство.Опозициската ВМРО ДПМНЕ реагираше на начинот на кој се поднесени амандманите од владејачкото мнозинство, непосредно пред почетокот на комисијата.
Кон Филипче беа упатени критики за начинот на менаџирање со Ковид 19 и немањето заштитна опрема за здраствените работници.
Наместо суштинска расправа дебатата се претвори во лични навреди и дискредитации.
Со амандманите се предлага задолжително носење маски на отворено, забрана за групирање на отворен простор и во домови, задолжителна самоизолација при тестирање за корона вирус, зголемени ингеренции на инспекциските служби вклучувајќи и затворање на угостителски објекти доколку не ги почитуваат протоколите како и лекување под посебни услови на лица заболени од ковид во приватни установи.
Јулијана Пешевска