Почна со работа новиот пункт за земање брис за ковид 19 во Институт за јавно здравје, кој вчера го најавија министерот за здрсвтво Филипче и претседателот на комисијата за заразни болести доктро, караџовски. Тестот ќе чини илјада денари.
Со ова ќе се забрза процедурата на земање брисеви и ќе се намалат гужвите, како и редовите на чекање. Телма утринава беше на терен да види како работи новата лабораторија. Доктор Краџовски за Телма вели дека наскоро се очекува и детската клиника Козле повторно да стане ковид центар. Стигнати се и новите брзи тестови кои неделава ќе се распоредуваат по клиниките, а се очекува да се отвори и нов пункт во поликлиниката Ѓорче Петров. Со доктор Караџовски разговараше Теодора Цветковска.